Сексот им помага на мажите да работат подобро, а на жените да се опуштат по напорниот работен ден, уверува Сексологот Питер Садингтон.
Тој стигнал до овој заклучок од личната практика и резултатите од бројните истражувања.
Така, според него, сексот пред работниот ден или за време на работното секојдневие им помага на мажите да се опуштат и да ја подобрат продуктивноста на трудот.
Пред испит сексот им помага на студените да постигнат подобри резултати. Садингтон го објаснува тоа со ослободување од акумулираниот напон, поради што студентот се “отпушува” многу полесно, меморијата му се засилува и тој ги проголтува информациите многу подобро.
Кај жената сексот пред или за време на работа помага за подобра концентрација, но сепак кај неа тој не покажува такво позитивно влијание во продуктивноста на трудот како кај мажите.
За сметка на тоа, сепак за жената сексот после работа е многу корисен, бидејќи ослободува од стресот од тешкиот ден во канцеларијата.