Села го гледа како решение внесувањето на Бугарите во Уставот

од Nikola Popovski

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села вели дека го гледа како решение внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

-Ние овој став го имаме од 2015 година. сите политички чинители треба да го прифатат овој предлог. Не можеме цело време да се жалиме дека некој да не блокира, ама треба да се вратиме на основното прашање – кои се тие што бараат да бидат дел од ЕУ? Секоја членка треба да исполни некои услови. Со ова не тврдам дека Бугарите се во право, но тоа се нивните барања. Наше е да одлучиме дали ќе продолжиме кон ЕУ. Друго решение не треба да постои. Од друга страна, не треба политичките чинители во Македонија, без разлика на етничката припадност, не треба да им прават олеснителни околности на другата држава претендент за членка во ЕУ. Услов има и Србија, а тоа е признавање на независноста на Косово, рече Села на прес-конференција.

-Ние би гласале внесување во Уставот на бугарското малцинство. Соседите ако се соседи треба да почнат со меѓусебно признавање, додаде Села.

Слични содржини