Села: За прашањето со Бугарија е потребен став, јас верувам во самоопределување

Во своето гостување во Студио 10, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села го изрази својот став врзано за преговорите со Бугарија.

„Ако се земе предвид што се бара од страна на Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, но во ЕУ има многу членки кои спречуваат нивните соседи да се признаат, кои се теми од почетокот на 20. век. Верувам во самоопределување на секој граѓанин на земјината топка, тука не треба да има дилеми. Кога даваме вакви изјави, треба да дозволиме и другите да се чувствуваат онака како што се чувствуваат. Тоа би било добар почеток за добрососедство, тоа треба да се нашите позиции, кога добрососедствот е еден од главните приоритети, мислам дека соседите треба да се признаат едни со други, треба соседите да си ги признаат малцинствата, тоа е право на секој граѓанин“ вели Зијадин Села.

Села потенцира дека имаме морално право да се повикуваме на нештата што ни ги оспорува Бугарија. За ова прашање е потребен став, вели.

Инаку посочи и дека повеќе од 10 години децата учат дека Албанците се дојдени од планина, по што побара решение за ова прашање.Ова е скандалозно и не само заради Албанците, посочува Села.

Слични содржини