Селекторот Милевски тврди дека одредени репрезентативци не покажале доволна емоција

од Nikola Popovski
53 прегледи

Селекторот Благоја Милевски по неочекуваното реми на Македонија со Фарските острови, рече дека секако не може да биде задоволен од резултатот. На прес-конференцијата по мечот, тој имаше забелешка до одредени фудбалери, кои не покажале емоција со која се игра за националниот тим.

„Не сум задоволен од првиот дел, очекував повеќе од дебитантите и од Иљазовски и Митровски, затоа ги заменив. Кога е второто полувреме во прашање можам да бидам задоволен од реакцијата. Играме како тим и сите сме заедно, меѓутоа ме загрижува емоцијата која ја видов денеска кај одредени фудбалери, така не може да се игра за македонската репрезентација“, изјави Милевски.

Што се однесува до дебитантите, додава селекторот, не можам да бидам задоволен, очекував многу повеќе од нив, што се однесува до Митровски и Иљазовски.

„До некаде можам да бидам задоволен од реакцијата на тимот во второто полувреме, креиравме доста изгледни шанси за гол, но пак ќе повторам, не коментирам индивидуалци, сите сме како тим, сите мора да функционираме како тим. Но, ме загрижува еден факт дека не ми е оваа доволна емоција што ја видов денеска кај одредени фудбалери, и искрено, со ваква емоција не може да се настапува за Македонија. И самите фудбалери сакаат да постигнат тол, најмногу од сите, но ете понекогаш не сака. Без концентрација на највисоко можно ниво, и вакви шанси не можеме да ги реализираме“, кажа Милевски.

Селекторот не сакаше подетално да навлегува во моментот кој го донесе водството на Фарски Острови.

„Не коментирам судиски одлуки, му верувам на ВАР-систенот и штом судијата така одлучил“, заврши Милевски.

Слични содржини