Селена Гомез лажела дека не ѝ пречат критиките за нејзиниот изглед: „Постојано плачев“

од Nikola Popovski

Пејачката Селена Гомез изјавила дека лажела дека на неа не влијаат негативните коментари за нејзиниот изглед. Таа признала дека плачела поради ваквите грди коментари.

-Лажев. Ќе седнев на Интернет, ќе објавив слика и си велев: „Не е важно. Не го прифаќам тоа што го велите“, изјавила пејачката во документарната серија „Dear“.

Гомез, која е редовно критикувана за нејзиниот изглед во последниве години, рече дека се преправа дека не е засегната од коментарите на Интернет и понекогаш оди во својата соба да плаче затоа што „никој не заслужува да слуша такви работи“.

– Објавував дека не ми пречат коментари само затоа што не сакав да им пречат на другите луѓе кои го доживуваат истото. Да се ​​критикува некого поради неговиот изглед, кои се или кого сакаат, едноставно не е фер, изјавила Селена.

Во 2014 година, на Селена ѝ беше дијагностицирана болеста лупус, поради што почна да зема лекови кои предизвикуваат промени во тежината.

– Ми беше срам што се здебелив поради болеста, рекла Селена.

За потсетување, Селена редовно објавува нефилтрирани фотографии од себе и зборува за флуктуации на тежината и проблеми со менталното здравје. Таа еднаш рече дека мисли дека е „совршена таква каква што е и не дозволува никој да ѝ каже поинаку“.

Слични содржини