Селена Гомез се бори со депресија и побара стручна помош

од Vladimir Zorba

Пејачката Селена Гомез повторно се повлече од социјалните мрежи и нејзината последна објава на Instagram беше на 7 јануари, а и долго време не се појавуваше во јавноста.

Се шпекулираше дека таа се повлекла од јавноста поради љубовните проблеми со Џастин Бибер …

„Е“ пишува дека причината за нејзиното „исчезнување“ лежи во здравствени проблеми, а 25-годишната пејачка ги помина последните неколку недели во клиника.

Имено, Селена поминува низ тежок период и во Њујорк се лекува од депресија и анксиозност. Гомез поминала низ терапија што вклучува медитација, пилатес, разговори со психолози ….

Нејзините пријатели велат дека пејачката побарала стручна помош, бидејќи таа е ментално била во лоша состојба по целата медиумска брканица околу обновувањето на романсата со Џастин Бибер.

Селена, исто така, има и лупус и затоа е многу внимателна кога станува збор за здравјето.

Слични содржини