Селена Гомез во љубовна врска со НБА кошаркар

од Nikola Popovski

Популарната пејачка Селена Гомез била фатена на љубовен „состанок“ со кошаркарот на Мајами Хит, Џими Батлер.

Откако минатиот месец биле видени на вечера во францускиот ресторан „Лусиен“ во њујоршкиот Ист Вилиџ, светските медиуми и социјалните мрежи објавијле за новата романса помеѓу пејачката и кошаркарот.

– Дефинитивно изгледаа како да биле на „состанок“ – соопштиле очевидци, а пренесува „Page Six“.

Батлер пред Селена бил во врска со моделот Кејтлин Новак, со кого ја имаат и едногодишната ќерка Рајли. Се чини дека поранешните партнери останале во добри односи и по раскинувањето, бидејќи Кејтлин била видена во септември како го слави пласирањето на тимот на Батлер во финалето на НБА.

Селена пред два месеци изјавила дека пандемијата на коронавирус целосно ѝ го запрела љубовниот живот.

Да потсетиме, таа неодамна се забавувала со својот колега Ник Џонас. Претохдно со години била во бурна врска со пејачот Џастин Бибер, а после тоа била видена заедно со раперот „The Weeknd“.

Слични содржини