Селмани: Финансиски да се стимулира персоналот кој е вклучен во борбата против Ковид 19

од Берта Китинска

Во моментов најтешко им е на заболените лица со Ковид 19 , па по нив следува здравствениот пресонал, рече екс-министерот за здравство, Имер Селмани во Студио 10 на ТВ24.

„Најтешко им е на заболените, па следува здравствениот персонал. Сигурно не сме најдобри во светот, но не држи и тезата дека сме најлоши во светот. Требаше поенергично да се стават капацитетите под една команда. Тие луѓе таму соодветно финансиски да се стимулираат и наградуваат. Зборувам за персоналот кој е вклучен со Ковид 19. Најмалку двојно финансиски стимулирани треба да се сега. Следно е во ова време е да се централизираат набавките на опрема и лекови на едно место. Мора државата со закон да направи централна аптека за јавни набавки“, вели Селмани.

Во врска со ветото, Селмани вели  дека Владата не треба да потпадне под влијание на случувањата внатре во Бугарија.

„Никако Владата не треба да потпадне под влијание на случувањата внатре во Бугарија. Добар дел од нивните барања се за нивна внатрешна употреба. Тоа не значи дека 100% би се откажале од нивните барања по изборите, не треба да ја прифатиме таа игра. Владата мудро и трезвено реагира, грешките од 2008 година што нашата дипломатија ги направи, сега не треба да се повторат. Изјавата на премиерот ми се допадна, и него како и сите нас ни се прави грутка во срцето, да се преговара за јазикот и идентитетот, за нешто што е од Соспод дадено. За тоа не се преговара“, вели  Селмани.

Слични содржини