Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, преку својот ФБ профил реагираше на тврдењето на прегпварачот на СДСМ-Роберт Поповски дека партиите сега ги корегирале законите кои власта ги донела во преговори со ЗНМ. Ви го пренесуваме интегрално статусот на Селмани.

насер
“Роберт Поповски од СДСМ разговарал со власта да ги поправа законите што наводно ЗНМ со владата ги расипал. Да не беше трагично, би било смешно!

Сакам да го потсетам некогашниот колега Поповски и дечките од СДСМ што направи ЗНМ како новинарско здружение со 500 членови кога владата ги носеше медиумските закони, а што направи СДСМ со 42 пратеника во Собранието и со околу 370 илјади гласови добиени на изборите од 2011 година.

Прво, ЗНМ силно опонираше на идејата за закон за медиуми. Нашиот став беше во Законот за радиодифузна дејност да се вгради Европската директива за аудиовизуелни медиусмки услуги. Кога веќе власта го достави законот за медиуми во Собрание, ЗНМ не дозволи за три недели, владата да го донесе законот, како што планираа. Со помош на меѓународниот фактор добивме три месеци рок да го анализираме и да организираме дебата за предложениот закон.

Преговарачот на СДСМ Поповски: Нов. здруженија треба да лобираат кај партиите за да ги застапуваат нивните интереси

Второ, орагнизираме десетина дебати во сите регионални центри на ЗНМ и две поголеми дебати во Скопје каде новинарите имаа можност да ги изнесат забелешките за законот.
Трето, на база на овие дебати ЗНМ изготви писмени забелешки, кои ги достави до владата. Истиот документ СДСМ може да го најде на веб страната на ЗНМ. Нека се информираат малку!

Трето, организиравме две средби со највлијателните амбасадори во Скопје, кои помогнаа владата да организира дебата каде ќе им даде можност на релевантни актери да ги искажат забелешките за законот. Ние бевме на таа дебата и во лице им кажавме на владините функционери дека со предложените закони сакаат од новинарите да направат евреи од времето на фашизмот.

Четврто, на инсистирање на ЗНМ беа изготвени три анализи на законот за медиуми, една од познатиот британски експерт Питер Норландер, порачена од ЗНМ, друга од експертот Бернард Моес во името на Советот на Европа, и трета од експерт ангажиран од ОБСЕ. Сите овие анализи може да се најдат на веб страната на ЗНМ.

Петто, експертските анализи потврдија дека ставовите на ЗНМ се издржани и владата мораше да промени цели делови од законот.

Шестто, под притисок на ЗНМ и меѓунардониот фактор владата го подели законот на два дела, со тоа не дозволивме да се наметне иста регулатива за различни медиуми.

Седмо, падна цело подглавје каде владата сакаше со закон да регулира новинарска етика, победи концептот на ЗНМ, саморегулација место законска регулација.

Осмо, обезбедивме глас на ЗНМ во Програмскиот совет на МРТ и во Агенцијата иако власта сакаше да го маргинализира и изолира ЗНМ. Ги повикувам луѓето во СДСМ нека се информираат за улогата на членот на ЗНМ во Програмскиот совет на МРТ и во Агенцијата за медиуми, и се надевам дека ќе сватат колку ние работиме да се подобрат состојбите во тие институции.

Деветто, ние како ЗНМ во 2013 година кога коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ владеа со железна рака, успеавме да ги извадиме интернет порталите од законот за медиуми, додека СДСМ во 2015 година кога власта по аферата со прислушувањето е ранета се согласи да ги внесе порталите во Изборниот законик и им наметна екстремни казни од девет илјади евра.

И десет, ЗНМ во соработка со меѓунардониот фактор успеа да ја натера владата да прекине со владините реклами.

Точно е дека власта тогаш не прифати многу забелешки на ЗНМ. Во законот останаа многу лоши решенија, кои тогаш рековме дека ќе се бориме во иднина да ги корегираме. И еве можност да ги корегираме сега. СДСМ за жал повторно е на погрешната страна.

Ако ние како здружение сме ги расипувале законите, се прашуваме, а што правела опозицијата тогаш во Собрание?! Испаѓа дека ние не сме имале вистинска опозиција во Собрание, затоа ЗНМ мораше да влета во приказната за да спасиме онаа што можеше да се спаси.
Ова е накратко што направи ЗНМ за слободата на изразувањето и слободата на медиумите. За среќа ЗНМ за све што има сработено има оставено трага.

Што правеше СДСМ додека ЗНМ и новинарите опонираа на деструктивните политики на власта?
Можеа да го спречат донесувањето на медиумските закони, ама не го направија тоа. Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги имаше европско знаме и за него расправата во матичната комисија беше неограничена.

Можеа да достават илјадници амандмани и така власта немаше да може да го изгласа законот. Ако не поминеше законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, законот за медиуми ќе беше неспроведлив пошто беа поврзани.

Пратениците на СДСМ толку ги “мрзеа“ медиумските закони што не ни ги прочитаа, а камоли да се обидат да го спречат преку доставување на илјадници амандмани.

СДСМ не ги спречи медиумските закони затоа што им се допаѓаа. Се надеваа дека кога ќе дојдат на власт ќе наследат од ВМРО перфектен систем на контрола на медиумите. Се излажаа, а уште не разбираат дека тој концепт е погрешен и туркаат решенија кои ќе доведат до поголема политизација и партизација на медиумскиот систем. Жално, но вистинито!

Не можат да разберат дека времето кога ставовите на ЗНМ се градеа во Бухачка заврши. Издржавме притисок од ВМРО пет години, можеме да се справиме и со притисокот од СДСМ. По ниедна цена нема да поддржиме политички дилови на штета на новинарите и медиумите. Тоа е новото ЗНМ!”

Слични содржини