Семејството Клуни планира да помогне на над 3000 деца на сириски бегалци

од Vladimir Zorba

Џорџ и Амал Клуни имаат намера да им помогнат на над 3000 деца на сириски бегалци и да им обезбедат пристап до образование во Либан. Според податоците на УНИЦЕФ таму околу 200 000 бегалски деца се исфрлени од образовниот систем или не им е дадена воопшто шанса да посетуваат училиште.

Тоа значи дека приближно 40% од вкупниот број деца кои живеат во Либан како бегалци по бегството од милитантна Сирија, се лишени од можноста да бидат продуктивен дел од општеството. За да им се помогне на 3000 од децата, фондацијата на Клуни планира на инвестира речиси 2,25 милиони долари во нивното образование во партнерство со Детскиот фонд на ОН.

Оваа сума ќе биде доделена на 7 државни училишта каде бегалските деца ќе можат да учат.

Финансиска помош ќе има и од технолошкиот гигант HP, кој ќе вложи 1 милион долари, за да може да се подобри технолошката состојба на образовните институции. “Не сакаме да изгубиме цела генерација, бидејќи ја имала лошата среќа да се роди на погрешно место и во погрешно време”, изјавија Амал и Џорџ Клуни во заедничката изјава.

Слични содржини