Семејството на убиениот Флојд бара закон за полициска реформа

од Stefanija Kuzmanovska

Семејството на Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата пред една година, денес се состана со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа и повика на усвојување на закон за полициска реформа кој ќе го носи неговото име.

Тие се состанаа на првата годишнина од убиството на Флојд, а на состанокот не присуствуваше сестрата на Џорџ Флојд, која ја бојкотираше средбата велејќи дека Бајден го прекршил ветувањето дека законот ќе биде усвоен до годишнината од смртта на нејзиниот брат.

„Отидов во Вашингтон за Бајден да го потпише предлог-законот, но тој не го потпиша“, рече таа.

По состанокот со семејството, претседателот издаде изјава со која се обврза да продолжи да ја поддржува законската регулатива, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини