Семејството, пријателите и познатите личности се збогуваа со Исидора Бјелица

од Vladimir Zorba

Семејството и пријателите на писателката Иисдора Бијелица, која почина во средата, дојдоа на Новите гробишта во Белград да кажат „последно збогум“.

Меѓу првите што пристигнаа беа семејството на Исидора, сопругот Небојша Пајкиќ, ќерката Вила Пајкиќ и синот Лав Пајкиќ.

Небојша Пајкиќ ги поздрави собраните новинари и им рече дека нема да дава изјави во наредните 40 дена.

Присутните ги почитуваа сите безбедносни мерки и ја испратија Исидора со достоинство, која се бореше со карцином седум години, но ја изгуби битката пред четири дена.

Меѓу присутните беа и Цеца Ражнатовиќ, Миломир Мариќ, Мирјана Бобиќ-Мојсиловиќ, Зорана Павиќ, Дајана Пауновиќ, Чедомир Јовановиќ, Снежана Дакиќ и др.

Слични содржини