Денес се одржа едно од најсмешните судења во нашата историја. Груевски за прв пат седна во обвинителната клупа (но Судот забрани снимање на обвинетите, па ние нема да го видиме тоа). Го суди истата судијка која го осуди Кежаровски.
Иако денес требаше да почне главната расправа (од кога едно лице официјално се смета за обвинето), судијката денес одржа подготвително рочиште, необјасниво враќајќи го Груевски во графата на осомничени, а не обвинети лица.
Фатиме Фетаи предложи сослушување на заштитен, односно загрозен сведок, но судијката го отфрли тоа бидејќи Законот не дозволува сослушување на заштитени сведоци за кривичното дело за кое што се гони Груевски. Всушност, затоа беше и целиот циркус во Собранието кога СЈО бараше измени во Законот за заштита на сведоци. Фетаи изнесе и дел од прислушуваните разговори и следените комуникации.
И овој доказ беше отфрлен, под образложение дека истиот е прибавен на незаконски и неуставен начин, со груба повреда на правата и слободите на граѓаните. На судијката воопшто не и’ беше важно дека пола од луѓето кои така грубо ги повредиле правата и слободите на граѓаните, во моментот и’ седат на обвинителната клупа.
Повеќе од очигледно е дека Панчевски и остатокот од судството од тефтерот на Горде не се кадарни да постапуваат по предметите на СЈО. Напротив, некои од нив можеби треба да бидат и обвинети. Груевски знае дека ќе одговара ако не е во власта. Ако не за насилствата врз Општина Центар, ќе одговара за некое од неговите стотици други дела. Затоа сега сме сведоци на театрални и драматични повици на одбрана на демократијата (читај: одбрана на мафијата). Ама џабе му е.
Тој е како силеџијата во училиштето. Силен е само додека е на врвот на синџирот на исхрана, додека сите други се плашат од него. На почетокот, една мала група луѓе му покажа дека не се плаши од него. Не повеќе. Потоа, се охрабрија и сите други. На крајот, нема да сакаат да го играат ниту неговите довчерашни другари. А кога ќе видат дека не му се плашат ниту во неговото училиште, ќе го напуштат и малкуте силеџии од други училишта кои се’ уште го поддржуваат. Сега целиов театар со ДИК и со протестите ни е малку појасен, нели? Но, за едно е во право.
Дека СИТЕ се против него. Не против ВМРО-ДПМНЕ, не против Македонија, туку против мафијата во врвот од власта и против нејзиниот дон. Повеќе од 612,000 луѓе во Македонија гласаа за промени. Повеќе од 612,000 луѓе гласаа за никогаш повторно груевски.
фејсбук статус на Павле Богоевски