Серхио Перез потпиша за Ред Бул

од Vladimir Zorba

Мексиканскиот возач Серхио Перез потпиша едногодишен договор со Ред Бул и ќе продолжи да вози во 2021 година во Формула 1 шампионатот.

Перез ќе вози за Ред Бул со Макс Ферстапен. Мексиканецот немаше договор за следната година, бидејќи тимот на Рајсинг Поинт одлучи да не ја продолжи соработката, па Перез најави дека ќе паузира доколку не најде ангажман.

Перез стана првиот возач од 2007 година кој потпишал за Ред Бул без да биде дел од академијата на тимот, објави Скај.

Тој се избори за договор по најдобрата сезона во Формула 1 во својата кариера, а во трката за Големата награда на Сакир, негова 190-та во оваа конкуренција, ја оствари својата прва победа.

Перез ја заврши сезоната на четвртото место, зад шампионот Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Макс Верстапен.

Минатата сезона Александар Албон возеше со Верстапен, кој ќе биде резерва и тест возач на Ред Бул следната сезона.

Слични содржини