Серија кривични дела на крвавиот четврток во Собранието – Коневски бил да види што се случува!?

од Vladimir Zorba
167 прегледи

 Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски беше еден од државните фунцкионери кои  на крвавиот четврток беше  во зградата на Собранието, во тренерки, како дел од протестантите на иницијативата  за „За заедничка Македонија“
 Додека други јавни личности се правдаа дека делеле вода  зато биле  дел од упадот во Собранието Конески отврено си  рече: „Јас влегов подоцна, откако завршија немилите настани. Прочитав на интернет дека се случуваат немилите настани, па пробав да видам што се случува, но не успеав од полицијата и големиот број на граѓани да стигнам онаму каде се случуваа тие настани и излегов надвор, јас сум дел од претестите  и редовно одам на нив“, рече Коневски, во синоќешното издание на Топ тема на Телма.Против насилствата сум, ги осудувам, ама имаше провокации претходно со изборот, смета Конески.
 Тој, заедно со пратеничката од СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски и адвокатите Сашо Дуковски и Александар Наков ги коментираа настаните  со насилниот упад во парламентот.
 Откако Коневски, беше запрашан што правел тој ден во Собранието, градоначалникот најпрво го осуди насилството, а потоа кажа дека педесет дена бил дел од протестите на „За заедничка Македонија“, и всушност тоа било поради политчкото насилство од СДСМ 

Стигна веднаш репликата: „Политичкото насилство се дефинира како индиректна или директна закана кон личности и групи како политички опоненти, во различни облици на психо-физичко малтретирање, терор, вооружен бунт, тероризам и сите форми кои што ги гледавме на 27 април  во Собранието. Ако веќе зборуваме што барале овие луѓе, а јас слушнав дека оние кои влегоа во пленарната сала заедно со вашите пратеници прогласија народно Собрание, поттикнати од Никола Груевски си презедоа самовластие своите раце. Овие се избрани претставници на народот?! Ако зборуваме за повикот за одбрана на Република Македонија, Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Вељановски, Митко Чавков и другите, испуштија многу важна работа, непочитувањето на институциите кои што се задолжени за гарантирање на безбедноста на граѓание и одбрана на Македонија. Тогаш, се прогласува воена состојба, а не го зема народот она што не му следува, а во овој случај видовме зема многу за право“,  му објасни Фросина Ташевска-Ременски во репликата упатена до Коневски.

Адвокатот Дуковски се согласи со Ивица Коневски дека законот треба да важи еднакво за сите.

„Апсoлутно не е доволно што некој изразил доволно, тоа што некој изразил жалење. Сега влегле граѓани, блиски до ВМРО бидејќи не биле задоволни поради начинот на кој што била прекршена процедурата и бил избран претседатеот на Собрание. По истиот тој резон, еден ден кога СДСМ повторно ќе биде опозиција и нема да биде задоволна од нешто што го направило ВМРО, ќе викне свој луѓе и ќе се случат убиства. Значи, една модерна правна држава не може така да функционира. Тоа е срам за Македонија. Ниедна работа во светов не е толку света, за вие да влезете и физички да ликвидирате човек, па макар да е чистачка во Собранието, а не пак пратеници. Каков е тој излив на насилство и милион кривични дела? Случајно ја гледав снимката кај што го влечат Зијадин Села, а тоа ме потсети кога го убиваа Гадафи и тоа било учество во толпа. Морам да кажам, ова е најсрамниот ден за македонската полиција. Овде немаше владеење на право, ниту било каква свест“, Тоа е срам за МАкедонија, за пратениците кои отворија врати ,и за сите кои тоа го организираа, учествуваа и го поддржуваат тоа вели адвокатот Сашо Дуковски.

Адвокатот Александар Наков во Топ Тема, рече дека како Македонец, но и како христијанин се згрозил од настаните, кој како што вели, станало јасно дека се претходно испланирани.

„За мене е важно правото и владеењето на правото. Тој ден, внатре имаше анархија. Не влегуваа луѓе, туку орли кои беа спремни да убиваат. Дури, за тоа се води истрага. Ќе дојдат до сознанија и ќе видите дека биле спремни, бидејќи имаше оружје по подот, имаше шипки по подот и други работи кои што укажуваа на спремноста на луѓето за тоа како да реагираат спрема противникот. Таму во целост потфрли полицијата, на чело со Чавков. Јас тој човек не можам да го гледам никако, освен во најскоро време како затвореник во Шутка. Како поранешен јавен обвинител, се срамам од моите колеги, бидејќи тие имаат залутано во обвинителството. Зврлевски и Ѓешковска треба час поскоро да си одат, а тоа ќе биде корисно за државата. Тие се заштитници на криминалот во Македонија“, вели поранешниот јавен обвинител, сега адвокат, Алексадар Наков.

Наков вели дека имало сторено серија на кривични дела, како што се обид за убиство, насилство, тешки телесни повреди итн. Според него, кога работите се гледале од страна, се посочувало кон тоа дека работите можеле да бидат фатални.

Слични содржини