Сериозни реформи во судството и борба против високата корупција се „лекот“ за интеграција на С.Македонија во ЕУ!

од Destan Jonuzi

Реформите во судството и борбата против корупцијата се сегментите каде што земјите аспиранти се предизвикуваат на патот кон ЕУ, смета Ќенан Алиу- политички аналитичар и правник.

– Несомнено, реформите во правосудството и борбата против корупцијата се сегментите каде се оспоруваат и предизвикуваат земјите аспиранти. Правдата е главниот столб на развојот на една држава во секоја димензија. Без оваа реформа и сериозна цел за елиминирање на високата корупција не може да има напредок во преговарачкиот процес за интеграција во ЕУ, изјави Алиу за „Локално“.

Ќенан Алиу

Тој посочува дека треба да се земе предвид дека за отворање на преговорите како, „condicio sine qua non“, – услов без кој не може, е да се смени Уставот главно за инкорпорирање на бугарската заедница во прембулата.

– И по меѓувладината политичка конференција според преговарачката рамка и според новата методологија на интегративниот процес, Северна Македонија и Албанија нема да имаат забелешки во Извештаите на ЕК, но дури и откако земјата ќе го помине соодветното поглавје, доколку се појави доказ за неспроведување во пракса, земјата повторно може да се врати на преговорите од претходното поглавје, бидејќи новата методологија предвидува враќање, вели Алиу.

Инаку, следната недела се очекува да биде објавен извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

Д.Ј.

Слични содржини