Сервер: ЕУ има план А за Западен Балкан, план Бе не постои

од desk2
136 прегледи

Три проблеми на Западен Балкан ги успоруваат евроинтеграциите: Спорот меѓу Македонија и грција, односот на Белград кон Приштина и нефункционалноста на БиХ вели Данел Сервер.

Професорот по предметот за управување со конфликти на Уневерзитетот Џон Хопкинс денеска во Белград ја претстави својата книга „Од војна до мир на Балканот, на средниот Исток и во Украина“.

СПоред него, книгата се занимава со причините и последиците за војните, бомбардирањето на Република Српска и СР Југославија, ги проучва односите на земјите во регионот, како и нивните односи со НАТО.

„Сите држави пред војната во поранешна Југославија беа близу да станат членки на ЕУ, но се случија војните. По нивното завршување, добар напредок во евроинтеграциите на регионот беше се до финансиската криза 2007 година, која ги разочара сите тие земји“, рече Сервер.

Вели дека подоцна се појавиле проблеми поврзани со бегалската криза, Брегзит, и дека исгледало оти Европа ќе се претвори во Балкан, а не Балканот да стане дел од ЕУ.

„Последиците се одразија на земјите во ЕУ и на земјите од Балканот – нефункционалноста во БиХ стана се повидлива, престана процесот на нормализација на односите Србија – Косово, додека македонско-грчкиот спор е на добар пат да се реши“, вели Сервер.

Смета дека проблемите на Балканот и во Европа, Русија ги искористи за своите интереси и за земјите од регионот дополнително да се оддалечат од ЕУ. Прашање е, дали Западот има сила да заврши и да да им помогне на тие земји да се приклучат на ЕУ и НАТО, што според него, е план А за решавање на кризата на Балканот, додека планот Бе, вели и не постои.

Сервер наведе дека предлогот за разграничување, како решение во односите на Белград и Приштина, е „ужасна идеја“, која излезе откако на сцена стапил американскиот претседател Трамп, инаку „етно националист“. Таа идеја, вели покажува дека Србија нема намера никогаш повеќе да управува со Албанците во Косово. „Но, Тачи и Вучиќ сфатија дека тоа не доаѓа во предвид“, рече Сервер. Тој оцени дека Тачи и Вучиќ во своите парламенти не би добиле поддршка за такво нешто, но нагласи дека „лошите идеи“ никогаш не умираат и не може да се вратат.

Исто така додава,идејата за размена на територии ја загрозува БиХ и Македонија и и дава можност на Русија да ги оствари своите цели во Грузија, Молдавија и во Украина.

Во 90-тите години САД милсеа дека КОсово и БиХ се важни, вели Сервер и додава дека во моментот за администрацијата на Трамо во Вашингтон, Балканот не е приоритет, како ни многу други места во светот. „Со подемот на Кина и Русија, кој ни прави проблеми во многу краишта во светот повеќе не ни е приоритет Балканот. Блискиот исток е важен, но дури ни тој не е толку важен, колку некои други работи“, вели Сервер.