Северина по долги години зборуваше за секс снимката од 2004 година: „Не излегував од дома“

од Stefanija Kuzmanovska

Северина Којиќ не дава често интервјуа, но во новиот број на списанието „Недељник“ зборуваше за теми за кои претходно не зборувала. Меѓу другото, таа отворено зборуваше за познатото секс видео кое беше објавено уште во 2004 година.

„Никогаш не барав мојата интима да излезе во јавност. Тоа беше голем шок. Потоа дадов две интервјуа за тоа, и тоа беше тоа. Беше тешко, но преживеав. Но ете, тоа беше забава, за некои дури и денес. Па, кога немаат што да ми кажат, тогаш ми го споменуваат тоа несреќно видео од бродот“, вели Северина, која понатаму изјавува како нејзините пријатели и мајка своевремено ѝ давале поддршка:

„Но, тогаш ми се јави мојата Лепа Смоје и ми рече: ‘Мала, кои се тие пунјетари (сплитски израз за недораснати момчиња)? Кога онаа работа имала поврзаност со моралот? Кој го измисли тоа?’. Потоа Пеки ме повика да ме насмее и ми рече: ‘Па не можеш да снимаш сè во еден кадар. Требаше да раскадрираш…’ Арсен Дедиќ пак телефонскиот разговор го започна на следниот начин:„ Колешке, слушам дека ви треба филмска музика?’ Мајка ми беше најпрецизната, таа рече: ‘Ајде ќерко, ќе се смееме на тоа еден ден’. И денес се смееме“.

Сепак, овој настан не ѝ бил секогаш смешен.

„Но тогаш не излегував од дома шест месеци. Прво имаше жалење, а потоа и осуда дека самата сум ја објавила поради популарност“, заклучи пејачката во интервју за „Недељник“.

Слични содржини