Северна Кореја има удел во крвопролевањето во Израел: Пјонгјанг му дал оружје на Хамас за нападот?

од Stefanija Kuzmanovska

Членовите на палестинската терористичка група Хамас веројатно користеле севернокорејско оружје за време на нападот на Израел на 7 октомври, покажува видеото од милитантите и оружјето кое го заплени Израел, и покрај тоа што Пјонгјанг негира дека ја вооружува милитантната група.

Јужнокорејските власти, двајца севернокорејски експерти за оружје и анализата на АП за оружјето запленето од Израел на бојното поле покажуваат дека Хамас користел севернокорејска ракетна граната Ф-7, која вообичаено се користи против оклопни возила.

Американската агенција вели дека доказите фрлаат светлина врз илегалните испораки на севернокорејско оружје кое Пјонгјанг ги испраќа, и покрај меѓународните санкции.

Ракетните фрлачи истрелуваат една боева глава и можат брзо да се наполнат повторно, а присуството на Ф-7 е документирано во Сирија, Ирак, Либан и Појасот Газа, изјави за АП експертот за оружје Н.Р. Џенсен-Џонс, кој работи како директор на консултантска фирма Armament Research Services.

„Северна Кореја долго време ги поддржува палестинските милитантни групи, а севернокорејското оружје претходно беше документирано меѓу забранетите залихи“, рече Џенсен-Џонс.

Тој тврди дека Иран обезбедил големо количество севернокорејско оружје за милитантните групи и се верува дека тоа е примарниот начин на кој палестинските милитанти го набавиле тоа оружје.

Хамас објави фотографии од своите борци со лансер на ракетни гранати, со карактеристична црвена лента преку боевата глава и други елементи на дизајнот што одговараат на Ф-7, рече Мет Шредер, висок истражувач во швајцарскиот независен проект за истражување Small Arms Survey.

Слични содржини