Северна Кореја испраќа војници и оружје на границата со Јужна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја испрати дополнителни војници и оружје во демилитаризираната зона на нејзината граница со Јужна Кореја, откако Сеул делумно го суспендираше воениот договор меѓу двете земји, пренесува „Ројтерс“.

Јужна Кореја соопшти дека забележала зголемена активност преку границата, откако Пјонгјанг минатата недела одлучи да ги продолжи сите воени мерки кои беа стопирани по потпишувањето на договорот во 2018 година, пишува Јонхап.

„Во моментов, само неколку стражарски места се обновуваат, но се очекува Северна Кореја повторно да ги воспостави сите, бидејќи се клучни објекти за надзор“, изјави висок јужнокорејски функционер.

Како одговор на дејствијата на Пјонгјанг, Јужна Кореја внимателно ќе ја следи границата за да открие можни провокации.

Северна Кореја, пак, го обвини Сеул дека го прекршил договорот меѓу двете земји со спроведување на заеднички воени вежби со САД.

Слични содржини