Севилја го потврди доаѓањето на Марко Рог

од desk2
108 прегледи

Хрватскиот репрезентативец Марко Рог до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Севилја. Рог во Андалузија пристигна од Наполи.

Според договорот на клубовите, Севилја нема да има право по завршувањето на сезоната да го откупи договорот на 23-годишниот фудбалер.

Фудбалерот, кој има одиграно 12 натпревари за Хрватска, кариерата ја почнал во Вараждин, а преку Сплит и Динамо Загреб, лани за 14,5 милиони евра се пресели во Наполи.