„Shadow Kingdom“: Боб Дилан најави нов концертен албум

од Vladimir Zorba

Познатиот американски кантавтор Боб Дилан најави дека на 2-ри јуни ќе го објави концертниот албум „Shadow Kingdom“ со песни од неговиот истоимен концертен филм од 2021 година.

„Shadow Kingdom“ го прикажува Дилан кој изведува верзии на песни од 21-от век од неговиот обемен каталог, вклучувајќи ги омилените на фановите „Forever Young“ и „It’s All Over Now, Baby Blue“, како и „Queen Jane Approximately“ и „ The Wicked Messenger“, пишува на веб-страницата на музичарот.

Еден од највлијателните автори на популарна музика, поет и добитник на Нобеловата награда за литература, чија кариера се протега повеќе од шест децении, најави дека на 6 јуни на интернет ќе се појави придружниот филм „Shadow Kingdom“ во режија на Алма Харел.

Филмот се снимаше на сцената во Санта Моника, кога поради Ковид пандемијата турнејата беше накратко прекината, а Дилан во клубска атмосфера со придружните музичари изведе 13 песни од првиот дел од кариерата.

Дилан најави и дека како дел од турнејата „Rough And Rowdy Ways“ доаѓа во Европа на серија концерти, почнувајќи од Порто на 2 јуни, преку Сан Себастијан, Мадрид, Марсеј, Милано и други градови, до Рим на 9 јули.

Слични содржини