Шахин: Бустер дозата ќе помогне да се прекине ланецот на инфекција

од Milan1

Бустер дозата ги штити вакцинираните одлично од болеста, но помага и да се прекинат идните синџири на инфекција, вели првиот човек и основач на германската компанија Бионтек.

Шефот и основач на германската компанија Бионтек, Угур Шахин, смета дека во иднина ќе биде доволна годишната ревакцинација против корона вирусот.

Тој за германски „Билд“изјави дека сегашната бустер доза ја зголемува заштитата, која со текот на времето се намалува, пренесува Танјуг.

Тој рече дека очекува заштитата да трае подолго отколку што беше случајот со двете дози.

„Следната ревакцинација тогаш може да биде потребна само еднаш годишно, како вакцина против грип“, објасни тој. Шахин  истакна дека заштитата од вакцини почнува да опаѓа од четвртиот месец.

Сепак, неодамнешните објавени студии покажаа дека заштитата од тешки болести е висока до деветтиот месец.

„Засилената доза многу добро ги штити вакцинираните од болеста, но исто така помага да се прекинат идните синџири на инфекција“, рече тој.

Тој посочи дека тоа може да помогне во справувањето со пандемијата во текот на претстојната тешка зима.

Слични содржини