Шахпаска: Ниту Груевски, ниту Заев им ги дава пензиите на пензионерите, тие тоа си го одработиле и заслужиле

од Берта Китинска

Не траба Груевски кој избега, не треба ни Заев кој е актуелен премиер во најтешката криза и се бори со сите проблеми, ниту актуелната министерката за труд и социјала да им ја дава пензијата на граѓаните. Пензиите граѓаните ги добиваат врз основа на она што го одработиле во она што ја граделе држава и во компаниите во кои макотрпно работеле 20, 30, 40 години, изјави Министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  во гостувањето во емисијата „Ја сакам Македонија“ одговарајќи на прашањето дали ќе има повторно зголемување на пензиите.

-Затоа напоменува дека треба да се воспостави системот. И кога тргнавме со реформата во пензискиот систем рековме пензиите да се исплаќаат редовно и оттука ќе порачам до пензионерите нивните пензии ќе бидат исплаќани редовно, таа ќе се зголемува согласно закон. Што значи тоа: го вратиме законското решение кое беше укинато 2014 година, а беше повторно на сила во 2017 година, а тоа значи усогласување на пензиите за 100 проценти со растот на трошоците за живот и сега граѓаните добија покачување на најниската пензија 134 денари на просечната 185 денари. Ова покачување ќе тече секој месец понатаму. Ова не е популистичка мерка со која ќе добијат 500 денари на крајот од годината, на овој начин пензионерите ќе добијат повеќе од 2000 денари, тоа е едната одредбите, другата се однесува на тоа како ќе расте бруто домашниот производ ако е над 4 проценти тогаш ќе растат и пензиите и трета одредба за покачување е растот на минималната плата и просечната, објасни Шахпаска.

Слични содржини