Шахпаска со апел: Родителите кои не ги носат децата во градинка да го отстапат местото за другите

од Берта Китинска

Доколку се влоши состојбата со Ковид во земјава и се појави ограничување на движење , одлуката на затворање на градинките ќе се спроведе по темелна анализа од Комисијата за заразни болести, изјави министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во Топ Тема на Телма.

Таа повторно упати апел до родителите кои не ги носат децата во градинка да го отстапат местото на оние дечиња на кои сега им е неопходно згрижувањето во оваа установа.

Будно ја следиме состојбата, во тек сме со настаните, бројката на позитивни и суспектни на коронавирусот во делот на градиниките не е голема, рече Шахпаска, додавајќи дека веднаш се реагира, по препорака на епидемиолозите.

Епидемиолозите носат одлуки дали цела група или цела градинка ќе се затвори, кој ќе оди во излоација, рече Шахпаска, додавајќи дека поради случај на коронавирусот уште пред отворањето градинката во Св.Николе не стартуваше со работа, а вчера поради сомнителни случаи градинката во Чешиново е затворена.

Слични содржини