Шакира на банкарската сметка неколку пати „потешка“ од Пике: Еве кој колку милиони има

од Stefanija Kuzmanovska

Поп ѕвездата Шакира и нејзиниот партнер, фудбалерот Жерар Пике, ставија точка на својата врска, а сега многумина се прашуваат кој има повеќе пари од нив двајца.

Ваквите раскинувања често ја заинтригираат јавноста, а сега многу луѓе на социјалните мрежи ги интересира кој колку милиони има.

Иако многумина се згрозени од фактот дека една од најубавите жени на светот била изневерена, изненадени се и од фактот дека Шакира е многу побогата од Пике.

Според различни извори, Шакира има нето вредност од 350 милиони долари. Имено, 45-годишната Колумбијка има продадено преку 75 милиони плочи, со што стана една од најпродаваните музички изведувачи во светот.

Пике можеби е еден од најдобрите светски дефанзивци, но заработил значително помалку од партнерката, се наведува дека 35-годишниот дефанзивец има нето вредност од 80 милиони долари.

Парот има две деца, Милан и Саша.

Да потсетиме, тие двајца никогаш официјално не се венчаа.

Слични содржини