Шаќири најави нови дигитални услуги, поврзани со издавање на лични карти, пасоши…

од Берта Китинска

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Јетон Шаќири соопшти дека во соработка со Министерството за внатрешни работи набргу ќе бидат достапни 24 нови услуги поврзани со замена и издавање на лични карти, пасоши и возачки дозволи.

-Бројот на услуги за граѓаните и за компаниите значително ќе се зголеми преку ИПА-проектот за е-Влада кој е почнат и со чија реализација ќе се развијат нови 135 услуги, а исто така ќе се дигитализираат и регистрите потребни за развој на овие услуги. Ја зголемивме нашата поддршка за сите други институции да бидат вклучени во овој процес. Комуницираме со сите министерства и дирекции во земјава и имаме полдни резултати, рече Шаќири

Слични содржини