Шамар за Кина од Трамп: Забраната за „ТикТок“ стапува на сила од 20 септември

од Aleksandar Petrovski

САД ги забранија апликациите „ТикТок“ и „WeChat“ да се наоѓаат во американските продавниците за апликации со нова регулатива што ќе стапи на сила на 20 септември.
Наредбата, издадена од Министерството за трговија на САД во петокот, ефективно забранува американски граѓани да преземаат две апликации во сопственост на Кина од продавниците за апликации на Apple или Google.

Од 20 септември, Министерството за трговија потврди дека ќе забрани: „Секое обезбедување на услуга за дистрибуција или одржување на мобилни апликации WeChat или TikTok, кодови на компоненти или ажурирања на апликациите преку продавницата за мобилни апликации во САД“.

Според претходниот извештај на Ројтерс, забраната сепак може да биде укината пред недела доколку „ТикТок“ го заврши договорот со американскиот технолошки гигант „Оракл“ пред крајниот рок на 20 септември.
Оракл и ТикТок го доставија предложениот договор за партнерство до американската влада за одобрување во понеделникот.

Доналд Трамп претходно се закани дека ќе го забрани „ТикТок“ доколку не го продаде својот бизнис во САД на американска компанија.

Слични содржини