Шампион во вакцинација: Примил неверојатни 23 дози!

од Nikola Popovski

Еден Словенец ги собори сите рекорди во имунизација со вакцина против коронавирус, примајќи неверојатни 23 дози.

Зад неговиот рекорден број на примени вакцини не стои страв од инфекција, туку, како што пишуваат словенечките медиуми, тој во замена за пари ги примал дозите, во име на други луѓе.

За да ја примите вакцината против корона во Словенија, доволно е да покажете картичка за здравствено осигурување, на која не мора да има фотографија.

Ова не е единствениот случај, бидејќи порталот „Свет 24“ претходно објави информација за Словенец кој шест пати бил вакциниран.

Слични содржини