Шапуриќ на одбележувањето на денот на рударите во рудникот “Бучим”

од Vlatko K
156 прегледи

Министерот Шапуриќ денес присуствуваше на одбележувањето на Денот на рударите во рудникот “Бучим” во Радовиш. 

Во својот  говор министерот ги поздрави од името на претседателот на Влада на Република Македониjа Зоран Заев присутните,  им ја честиташе 39 годишница од работењето на рудникот “Бучим” како и празникот  Успение на Пресвета Богородица која е заштитничка на рударите.

Помеѓу другото во својот говор министерот нагласи дека Владата е посветена на унапредување на бизнис климата во Р.Македонија и за целосна интерактивна соработка со бизнис секторот.

Во рамките  на посетата, Министерот Шапуриќ оствари средба со менаџментот на компанијата Бучим која вработува 700 луѓе и учествува со околу 50% од вкупните приходи на општина Радовиш.  Менаџментот го запозна министерот дека планира инвестиција од 53 милиони евра во новиот ископ со што векот на рудникот ќе се продолжи за најмалку 12 години.

Експлотацијата во постојните ископи е можна за само уште една година. Менаџментот нагласи дека очекува државата во најкус можен рок да ги издаде потребните документи за почеток на инвестицијата.

Рударство учествува со 260 милиони евра во извозот на македонската економија и вработува околу 15.000 работници, а во последните години интензивно се вложува и во заштита и зачувување на животната средина.
Во последените години  Бучим инвестирал 4 милони евра во заштита на на животна средина.

Менаџментот на Бучим го информираше министерот дека просечна плата во рудникот е 33.000 денари.