„Шарли ебдо“ ги наслика претседателските кандидати на Франција како кучиња

од Vladimir Zorba
168 прегледи
Ссатиричното списание „Шарли ебдо“ објави на својот сајт карикатура на двајцата кандидати за претседател Марин Ле Пен и Емануел Макрон прикажани како кучиња, непосредно пред денечниот   втор круг од претседателските избори во Франција.

macronlepen

На цртежот, насловен „Макрон во Елисејската палата“, лидерот на движењето „Напред“ е нацртан како пудлица. Зад него трча мал француски булдог со лицето на поранешниот шеф на „Националниот фронт“.

Денес во Франција се одржува втор круг од претседателските избори. По резултатите од првиот круг, кој се одржа на 23 април, за функцијата шеф на државата се борат кандидатот на движење „Напред“, Емануел Макрон, кој освои 24,01% од гласовите, и Марин Ле Пен, за која гласаа 21,3% од избирачите.

Според истражувањата, фаворит за претседател е 39-годишниот Макрон, кој се очекува да ја добие поддршката на 60-62% од Французите. За конкурентката се очекува да гласаат 38-40%.

Поларните спротивности на Франција: Прашањата на кои Ле Пен и Макрон целосно се разминуваат