Шефицата на шведската дипломатија: Погрешна е перцепцијата дека животот во Шведска се одвива нормално, се потпревме на граѓанската послушност

од Nikola Popovski
165 прегледи

Шведската министерка за надворешни работи, Ен Линде, изјавила дека владата на земјата презела соодветни мерки за борба против ширењето на коронавирусот, без воведување на рестриктивни забрани, потпирајќи се на граѓанската послушност.

Шефот на шведската дипломатија изјавила за агенцијата „Анадолија“ дека „има неосновани критики кои разни кругови ги упатуваат кон Шведска, кои според моделот на повеќето европски земји, не се обиделе да наметнат рестриктивни забрани во борбата против пандемијата на КОВИД-19“.

„Погрешна е перцепцијата дека животот во Шведска е нормален и непроменет. Шведската влада презеде остри мерки во борбата против пандемијата. Владата не ги презела тие мерки со тоа што вршела забрани, туку потпирајќи се на послушност на граѓаните“, рече Линде.

Таа го наведе примерот на владата која ги повика граѓаните да останат дома и да не патуваат за Велигден и дека 96 проценти од граѓаните го почитувале тој совет, без да се наметне класичната забрана за движење.

Извозот во ЕУ

Посочувајќи дека пандемијата сериозно го загрозува економскиот систем на целата Европска унија и светот, Линде изјави дека е погрешна перцепцијата дека таканаречената шведска стратегија за борба може да резултира со помалку економски загуби во земјата.

„Голем дел од економијата на Шведска зависи од извозот во земјите на Европската унија. Се надеваме дека сите ќе излеземе од оваа криза со што е можно помалку последици “, рече Линде.

Линде вели дека шведскиот здравствен систем е сигурен и спасува илјадници животи.

Според официјалните бројки, во Шведска, 18.700 граѓани биле заразени со коронавирусот, а 2.270 луѓе починале.