Шефот на Астразенека: Договорот за вакцини со ЕУ „не е обврзувачки“

од Stefanija Kuzmanovska

Ја разбирам Европската унија, но морам да нагласам еден важен факт – нашата договорна обврска е „максимално да се потрудиме“, рече Паскал Сорио, извршниот директор на „Астразенека“.

Извршниот директор на „Астразенека“ ја шокираше Европската унија објавувајќи дека првите испораки на нивната вакцина против коронавирус ќе бидат одложени и дека ќе бидат доставени многу помали дози од договореното. Сорио изјави дека бројот „не е толку лош“ и нагласи дека неговата компанија се обврзала само „максимално да се потруди“ да одговори на барањата.

„Не е толку добро како што би сакале да биде, но, реално, не е толку лошо“, рече тој во интервју за „Ла Република“ и додава дека испораката на вакцините доцни делумно и поради тоа што ЕУ доцна потпиша договор за испорака на вакцини – три месеци по Велика Британија.

Сорио исто така ги отфрли обвинувањата дека компанијата ги продавала своите вакцини надвор од ЕУ за да заработи пари. Тој потенцираше дека „Астразенека“ не заработува на вакцини чии цени се движат помеѓу 3 и 4 долари.

Слични содржини