Шефот на СЗО позитивно ги оцени инвестициите на Русија во науката и борбата против Ковид-19

од Vladimir Zorba

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, позитивно го оцени придонесот на Русија во науката со создавање на вакцината „Спутник V“.

„Имав конструктивен телефонски разговор со рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, во врска со реакцијата на Ковид-19 на глобално ниво и во Русија, како и вакцината Спутник V. Ја ценам инвестицијата на Русија во науката“, напиша Гебрејесус на Твитер.

Тој исто така додаде дека за време на разговорите, се разговарало за важноста од развој на здравствена заштита и приближување на здравиот начин на живот до населението, со цел да се спречат, меѓу другото, и заразни болести.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеј“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана прва регистрирана вакцина во светот против коронавирус.

Вакцината е направена на докажана и добро проучена платформа на аденовирусни вектори кај луѓето, а нејзината ефикасност е над 90 проценти.

loading...

Слични содржини