Шефот на Вагнер шокира: „Вмешани сме во изборите во САД“

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Евгениј Пригожин, шеф на озлогласената групација Вагнер, таканаречената приватна армија на Путин, кој минатата недела го пофали Владимир Зеленски, повторно го шокираше светот со своите изјави.

„Бев вмешан во американските избори. И ќе бидам вмешан и во иднина“, напиша Пригожин на социјалните мрежи, пренесува „Ројтерс“.

„Ние сме вмешани во американските избори. Тоа го правиме внимателно, прецизно и со хируршка прецизност. На наш начин, онака како што знаеме да работиме“, изјави тој еден ден пред големите избори во САД.

„За време на нашата операција ќе ги извадиме и двата бубрега и црниот дроб“, се заклучува во соопштението на Пригожин. Не е познато на што точно мислел.

Иако вообичаено избегнува да дава изјави или да испраќа соопштенија за медиумите, во последно време е доста „комуникативен“.

„Иако е претседател на земја која во моментов е непријателска кон Русија, Зеленски е самоуверен, силен и прагматичен лидер и добро момче. Не го потценувајте“, изјави неодамна Пригожин за украинскиот лидер.

На крајот на септември, за прв пат ја призна својата поврзаност со Вагнер.

Слични содржини