Шекеринска: Ако граѓаните не се придржуваат до актуелните, ќе воведеме поригорозни мерки

од Aleksandar Todeski
267 прегледи

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во емисијата „Утрински брифинг“ вели дека она со што системот деновиве се соочува е непочитувањето на мерките, особено од страна на лицата кои потпишаа изјава за самоизолација и лицата кои се вратија во Македонија од кризните жаришта на коронавирусот.

„За жал, многу луѓе потпишаа, а кога си дојдоа дома, почнаа да излегуваат не само за во супермаркети, туку да се прошетаат и да се видат со пријатели, а тоа е еден од нашите најголеми предизвици, тоа не е законско, тоа не е одговорно. Ќе ѝ асистираме на полицијата и во овој дел од задачата. Ги носевме брзо потезите за затворање на училишта, за самоизолација, затоа брзо реагиравме и разни локали да се затвораат“, вели Шекеринска.

Таа посочи дека одлуките воопшто не биле лесни, додвајќи дека во голема мерка, тие значат практично запирање на економијата.

„Се што одлучивме е по консултација со други земји кои поминаа со овој проблем, дека социјалната дистанца е правилна мерка. Постојаниот прилив на граѓани, наши државјани кои доаѓаа од жариштата на вирусот, не можеме да им забраниме да се вратат, но голема е бројката на тие кои се вратија дома“, истана Шекеринска.

Таа апелира да се погледнат бројките во другите држави кои покажуваат постојан раст и дека граѓаните мора да покажат одговорност бидејќи системот би крахирал.

„И ќе поведеме поригоризни мерки ако не се придружуваат до мерките. Гледате колку брзо растат бројките, ние успеавме да не оди кривата брзо. Мерките функционираат но најверојатно ќе ни бидат потребнни поригорозни. Бројките во сите држави покажуваат растење. Мораме да бидеме подготвени дека повеќе луѓе ќе заболуваат, дека повеќе луѓе ќе бидат хоспитализирани и веројатно ќе бидат потребни респиратори. Да покажеме одговорност за да не дојдеме болничките ресурси во еден момент да се чуваат за најтешките слуачи. Сите ресурси ги зголемуваме, системот е подготвен, но ако нема свесност, не постои систем кој тоа може да го издржи. Италија е една од 7-те најмоќни економии, но видете што се случува таму“, вели вицепремиерката Шекеринска.

Слични содржини