Шекеринска: Државна позиција е дека македонската иднина е во ЕУ

од Nikola Popovski
139 прегледи

Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи, напиша заменик претседателката на СДСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил, по повод денешното обраќање на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Во партиското соопштение на СДСМ се вели дека Црвенковски е историја и дека секој има право на свое мислење и став, дури и кога доаѓа после години молк. Од таму додаваат дека ова раководство на партијата избрало да носи храбри и патриотски одлуки, кои ја движат македонската држава кон исполнување на стратешките цели, НАТО и ЕУ.

„Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори. Обраќањето на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, после долги години молк и немање став за важни државни или национални прашања, нека го толкуваат граѓаните. Дали е тоа принципиелен однос кон својата партија и кон членството на СДСМ, ќе ценат членовите на СДСМ и граѓаните“, стои во партиското соопштение.
Претходно Црвенковски во јавно обраќање  наведе дека го замрзнува членството во СДСМ и повика итно да се свика ЦО на партијата, оценувајќи дека тезите од интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.

Слични содржини