Шекеринска: Охрабрувачка е најавата за новиот пристап за решение од новата влада во Бугарија

од Берта Китинска

Охрабрувачки е дека можната нова влада во Бугарија вели дека ни треба нов пристап. Ние ќе го имаме истиот дух на добрососедство, на отвореност и истата желба да најдеме решенија и да тргнеме напред, рече денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на најавата на нов пристап и подобри односи на Бугарија со Северна Македонија од страна на Кирил Петков копретседател на коалицијата „Промената продолжува” која победи на парламентарните избори во Бугарија.

-Бугарија се доведе во ситуација да не блокира нас и Албанија, но на некој начин да се блокира и себе си.Тие зборови делуваат охрабрувачки, се разбира тоа е сепак само најава. Ние го поддржуваме тој апел за нов дух, за нов тип на дијалог во кој ќе се трудиме не да најдеме мана или причина да го блокираме соседот, туку да најдеме што и едните и другите можеме да извлечеме од поголема соработка.Сакам практични луѓе  и неговиот коментар дека од Софија за да стигнете со авион до Скопје треба да одите преку Виена,е едно кокнретните прашање за кое треба да торшиме повеќе време, кажа Шекеринска.

Слични содржини