Шекеринска: Секој евакуиран граѓанин од Авганистан кој ќе пристигне ќе биде регистриран

од Берта Китинска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска посочи дека како земја која и сама се соочувала со свои бегалци, како земја која сама барала поддршка од НАТО и од ЕУ, сега, како што рече, кога сме во НАТО имаме и малку повеќе одговорност да размислуваме и да помогнеме да се ублажи оваа хуманитарна катастрофа.

Секое пристигнување, секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне, секој ќе биде регистриран и за сите ќе бидете информирани, Тоа се се луѓе на кои треба времено престојување пред да заминат во земјите на нивната крајна одредница, рече Шекеринска.

Слични содржини