Шекеринска смета дека и Грција загубила со нерешавањето на спорот за името

од desk4
118 прегледи

Замрзнатиот проблем со името во изминатиот период беше катастрофа за Македонија, но и лош развој на настаните за Грција, рече синоќа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на телевизијата Телма.

Иако нагласи дека Грција всушност во моментот ништо не губи од со децении нерешениот спор за името, Шекеринска рече дека земјата во последниве десет години поради него, пропуштила шанса да стане еден од најјаките играчи во Македонија.

Министерката рече и дека пратеници од коалицијата на ВМРО-­ДПМНЕ ќе дадат поддршка за некои од реформските приоритети на владата.

Истовремено, го повтори веќе кажаното, дека во СДСМ не се размислува за предвремени парламентарни избори.

Во поглед на референдумско изјаснува за промена на името, Шекеринска рече дека за решенијата за името да бидат стабилни, односно да не бидат основа за нови поделби, треба да одат на референдум.

https://www.facebook.com/toptemanavasastrana/videos/2040085636276788/