Шекеринска: Судот уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ лаже и клевети

од Aleksandar Todeski
376 прегледи

Министерката за одбрана и заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска добила судски спор против ВМРО-ДПМНЕ. Таа веста ја сподели на својот Фесјбук профил, а се работи за случај од 2016 година.

„Правдата е бавна, но не заборава. Судот потврди уште еднаш дека ВМРО-ДПМНЕ лаже и клевети. Како денес така и во минатото кога беа на власт, се служат со сите можни лаги за да ги дискредитираат и замолчат политичките противници за чии аргументи немаат одговор. По 4 години спор (во кој ВМРО-ДПМНЕ само бараше одлагања), Судот пресуди дека се одговорни за сторена клевета кон мене. Молим, нека си ја објават пресудата во медиуми како што им налага Судот, а богами и чекам да ги платат сите трошоци како што е пресудено. Нека научат дека политика не се води со лажење и плукање туку со работа и знаење“, напиша Шекеринска.

Слични содржини