Шекил О’Нил им порача на децата: „Ние сме богати, јас сум богат“

од Vladimir Zorba

Легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил изјави дека не сака да го дели богатството со своите деца, туку бара од нив да работат напорно за нивните пари и статус.

Кошаркарот поседува богатство од 400 милиони долари и истакнува дека редовно им дава мала сума пари на своите деца, но и дека таму ја повлекува линијата, пренесуваат американските медиуми.

„Моите деца растат и тие се вознемирени од фактот што не сакам да делам пари со нив. Тие не разбираат зошто е тоа така. Но, редовно им објаснувам: „Не сме богати, јас сум богат“. Мора да го завршите факултетот, да започнете ваш бизнис и потоа да ми го претставите за да можам да одлучам дали сакам да ви дадам пари“, рече О’Нил.

Тој додаде дека очекува неговите деца да го завршат факултетот, без разлика што работат во моментов.

„Имам шест деца и не би сакал да им давам кариера и пари „на дланка“, сакам да ги заработат“, заклучил славниот НБА кошаркар, пренесува SCsport.

Слични содржини