Шентоп: Северна Македонија секогаш е на страната на добрососедските односи

од Берта Китинска

Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп на денешната 58-та седница на Собранието кажа дека, Турција моќно го поддржува напредокот на процесот на полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ.

-Им посветуваме значење на евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија и се надеваме на отстранување на пречките во оваа насока. Северна Македонија, која со членството во НАТО си ја запечати целта во оваа насока, несомнено има заедничка иднина со Европска Унија. Турција моќно го поддржува напредокот на процесот на полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ, порача Шентоп.

– Претпочитавте политика која се грижи за мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот. Секогаш бевте на страната на добрососедските односи и градење на заеднички интереси. Надминувајќи секакви потешкотии во насока на овие свети цели, и во денешницата, со иста храброст, ги штитите истите. Овој разумен и одлучен став на Собранието и народот на Република Северна Македонија ги заслужува сите почести.Уверен сум дека парламентарната димензија на нашите билатерални односи, слично како и во минатото, и во иднина ќе одигра значајна улога во зајакнувањето на соработката помеѓу нашите земји и народи. Во денешницата кога парламентарната дипломатија извршува нови функции, задоволува фактот дека редовно се одвиваат билатерални средби помеѓу нашите законодавни домови. Верувам дека блиската соработка и координација во парламентарните асамблеа, како ПССЕ, ПС на НАТО, ПС на ОБСЕ и Интерпарламентарна Унија, во кои заеднички членуваме, ќе придонесе во постигнувањето на заедничките интереси на нашите земји, рече Шентоп. Додаде дека треба да се зајакнат односите меѓу нашите парламентарни групи на пријателство, стручни комисии и административни служби.

Слични содржини