„Шепасти Ентузијасти“ организираат мала шепаста забава

од Берта Китинска

По повод 1 година постоење Шепасти Ентузијасти организираат мала шепаста забава.

-Добредојдени сте со вашите миленици во Дог паркот во Градскиот парк Скопје. Воедно сите што се мислите да вдомите куче ќе имате можност да си вдомите Ќе дојдат нашите најмлади членови и ќе може лично да ги запознаете и вдомите. Сакаш да вдомиш куче, ама не знаеш која е процедурата? Сакаш да видиш дали ќе кликнете и дали ќе го мрда опавчето? Дојди на Open Adoption Day!  Шепасти Ентузијасти организираат мала шепаста забава, со најмалите дотерани четериножни пријателчиња, каде тие упорно ќе се обидуваат да го освојат вашето срце со упикувње и мрдање опаши! Сакаш пријател на четири нозе? Да има слатко муце и неодоливи очи? Сакаш пријател кој ќе те научи на безусловна љубов? Тогаш прославата по повод нашиот прв роденден е правото место за тебе! Да, баш тебе! Затоа што ти знаеш дека е подобро да вдомиш одколку да купиш, порачуваат од Шепасти Ентузијасти.

Слични содржини