Со оглед на тоа што Големата порота вчера го потврди обвинението за рекетирање, властите во Џорџија не губат време: шерифот на округот Фултон, Пат Лабат денеска го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се предаде во затворот во округот Фултон, заедно со уште 18 други обвинети во случајот со претседателските избори во Џорџија во 2020 година.
Тоа е забележително пред 25 август, крајниот рок даден на Трамп и на уште осумнаесет други од обвинителката Фани Вилис.
„Обвинетите учествувале во криминално рекетирање за да ги поништат резултатите од претседателските избори во Џорџија“, рече обвинителката на округот Фултон.
Афроамериканската обвинителка тврди дека обвиненијата не се политички мотивирани, но Трамп тврди дека се и дека доказ е тоа што тие не се донесени пред три години, туку сега, среде неговата кампања.
„Тој се уште не е осуден. И тој е невин додека не се докаже вината“, изјави Скот Џенингс, поранешен специјален помошник на претседателот Џорџ Буш.
Трамп се уште не се огласи во вркса со тоа кога има намера да се предаде.
Лабат претходно сугерираше дека сака да се однесува со обвинетите во случајот на ист начин како со кој било друг обвинет, јавуваат американските медиуми.