Шешељ објави дека се повлекува од политика

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ објави дека поради тешката болест времено се повлекува од политиката, пишува порталот Телеграф.

voislav-seselj-hag-sloboda-02

Вчера Шешељ првпат ја пропушти редовната партиска прес-конференција, а малку по неа изјави дека неговото здравје се влошило до степен што не може активно да се занимава со политика. Шешељ објави дека има висока температура и дека многу тешко ја поднесува хемотерапијата, на која е подложен поради рак на дебелото црево.

Доктор Милован Боиќ, шеф на лекарската екипа на Шешељ, изјави дека буквално деноноќно го следат пациентот, кој е целосно дехидриран, лицето му е парализирано и имунитетот драстично намален.

Лидерот на Српската радикална партија е обвинет во Меѓународниот трибунал во Хаг за злосторства врз Хрвати и муслимани во Хрватска, српската област Војводина и Босна и Херцеговина во периодот од 1991 до 1993 година. Тој беше времено ослободен на 6 ноември минатата година поради влошување на здравствената состојба.

На барање на обвинителството на трибуналот Апелацискиот совет нареди Шешељ да биде вратен во Хаг