Шест месеци за решавање на спорот е предолг период, смета Османи

од Nikola Popovski

По најавите на бугарскиот премиер Кирил Петков за решавање на спорот со Македонија во временски период од шест месеци, министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека е тоа е долг период.

-Шест месеци е предолг период за овој контекст, во кој се наоѓа регионот. Имаме многу отворени прашања, од тоа што се случува во БиХ, дијалогот Србија-Косово и блокадата на Албанија и Македонија. Се плашам дека тој временски период премногу го оптоварува регионот. Се уште има време да се убедиме со Бугарија дека 6 месеци се многу и за нас и за Западен Балкан, рече Османи во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Османи информира дека „долгото име на земјава“ е дел од пакетот 5+1.

-Бугарија очекува нота од наша страна до ОН за да се објасниме дека краткото име е исто со долгото име Република Северна Македонија. Тогаш тие да се повлечат од оспорувањето на едната или другата верзија. Тоа е дел од процесот што го разговаравме. Нема нешто неочекувано, од тоа што го имаме на маса, вели шефот на дипломатијата.

Слични содржини