Шест природни лекови против празничен мамурлак

од desk2
129 прегледи

Доколку сте претерале во новогодишната ноќ , постојат шест природни начини , пишува британски Индепендент.


И покрај тоа што не постои совршен лек против мамурлак , природата нуди некои решенија, меѓу кои добар сон , ѓумбир, балансиран доручек и вода.

Прва природна состојка против мамурлак е ѓумбирот. Се користи во кинеската медицина како лек против мачнина , а неговото делување било потврдено преку научно истражување во 2016. Чаша чај од ѓумбир е наједноставен начин за да се постигне довојно дејство- да се вратат изгубените течности и да се смири желудникот.

Втор начин е балансиран доручек. По бурната ноќ треба да се консумира балансиран доручек , но без пржена храна или житарки. Банана или авокадо кои содржат калиум се добри против прекумерното губење електролити , како последица на пиењето алкохол.

Интересна природна опција е и опунцијата , вид кактус со црвени плодови . Екстрактот од овој плод има импресивно дејство на мамурлакот , поради тоа што го намалува чувството на мачнина , главоболка и чувство на нестабилност.

Слично дејство има и екстрактот од артичока , кое има влијание и на чувтвото на надуеност.

Обичната вода исто така е од помош , зашто дехидратацијата , предизвикана од алкохолот се надоместува со обична вода. Треба чаша вода да се испие и пред спиење , тврди докторот Ламберт.

Добриот сон по забавата е исто така еден од најдобрите природни лекови , кои ги препорачуваат докторите.