Рамзан Кадиров му ја исполни желбата на шестгодишно момче и го назначи за личен телохранител, пренесува Russia Today.

„Отсега нема од што да се плашам, имам професионален телохранител на кој му нема рамен во светот“, напиша Рамзан на Instagram.
Магомед Еми Газиев му стана телохранител на чеченскиот лидер откако без никаков страв му кажа дека тој ќе биде вистински бранител. Објавена е снимка од средбата и дружбата меѓу лидерот и детето.
„Го поканив во мојата канцеларија да ме види и го вработив“, вели Кадиров. Тој на новиот телохранител му понуди униформи, опрема и оружје, се разбира купени од локална продавница за детски играчки.
Ова не е првпат децата во Чеченија да бидат мотивирани од чеченскиот лидер. Во 2018 година Кадиров на петгодишно дете му додели Mercedes-Benz C Class како награда за поставување нов рекорд од 4.105 склекови за 2 часа и 25 минути.
https://www.instagram.com/p/B0T9NmloZEt/?utm_source=ig_embed