Трагична вест ја потресе Македонија откако беше обелоденето дека девојче на возраст од шест години починало на Битолската клиничка болница, додека примало инфузија.
Според информациите, девојчето, со симптоми на настинка, покачена температура и дијареја, било однесено од родителите на одделот Педијатрија во болницата, каде што починало при примањето инфузија.
Директорот на болницата Александар Обедниковски веќе ја потврдил трагичната вест.
Се чекаат резултатите од обдукцијата за да се утврди точната причина од што починало девојчето.